Рафел Надал ги шокираше сите со неговата изјава по освојувањето на Акапулко.

Лидер на АТП листата е Новак Ѓоковиќ, кој го симна Шпанецот со освојување на Австралија Опен.

„Веќе долго време не размислувам за првото место. Тоа не е мојата цел. Секако доколку ми се пружи шанса, како што се случи минатата година, ќе се обидам да ја искористам.

За Надал нешто друго е многу поважно.

„Сакам да ја продлжам кариерата колку што можам подолго. Секако во согланост со календарот, ќе играм таму каде што навистина уживам“, рече Рафа.