Откако се одложи Мото ГП трката во Катар, денеска и организаторите на трката во Тајланд, ја откажаа трката. Таа беше планирана на 22 март.

„Причината е коронавирусот и двата смртни случаи во нашата земја“, соопштија организаторите.

Новата сезона сега треба да почне на 5. април кога ќе се вози трката за ГН на САД.