Бранителките на двојната круна во македонскиот одбојкарски шампионат Работнички ја продолжија успешната серија против Наковски волеј откако славеа со 3:2 во дербито на 3. коло во Втората фаза. Во интересен меч во салата „Парк“ после многу пресврти Работнички успеа да победи со 3:2 и на тој начин стигна до осмиот по ред триумф во меѓусебните дуели.

Кај Работнички Антонија Баталовска реализираше 27 поени, Стојанова и Стојановска по 11. Наковски волеј го претрпе четвртиот пораз во 14. лигашки меч, а втор во Втората фаза и го држи третото место на табелата. Најефикасни на денешниот меч беа Ана Фасулева со 23 и Миња Тасиќ со 27 поени.