Одредени се судиите за 1/4 финалните реванш натпревари во Купот на Македонија, кои ќе се играат во среда. На дербито меѓу Работнички и Шкендија ќе суди Васко Мавров, додека на мечот Ренова – Струга ТЛ Димитар Мечкаровски. На второлигашкиот дуел меѓу Лабуништа и Брегалница „главен“ ќе биде Стојанче Трпчевски, додека во Струмица судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

ДВОЈКИ И СУДИИ – 04.03.2020 14 Ч (РЕВАНШИ)
ЛАБУНИШТА – БРЕГАЛНИЦА (С. Трпчевски – Кавадарци)
РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (Д. Мечкаровски – Скопје)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА (В. Мавров- Струмица)