Кристијано Роналдо го гледаше „Ел Класико“ во Мадрид, на полувремето влета во соблекувалната на Реал да ги мотивира некогашните соиграчи, и во тоа успеа.

Реал играше подобро во продолжение, победи со 2-0. Новинар на познатата шпанска емисија „El Chiringuito“ тврди дека разговарал со португалскиот фудбалер и тој му открил дека сака да се врати во Реал.

„Роналдо сака да се врати, ми призна. Беше возбуден кога дојде на стадионот и воодушевен од начинот на кој го дочекаа навивачите. Во моментов е фокусиран на Јувентус, но во фудбалот се е можно. Никој не знае што носи иднината“, вели новинарот.