Ова е за рубриката „Селски фудбал“, иако станува збор за меч од Втората лига – исток.Во саботата во Радовиш, на средбата меѓу Плачковица и Кожуф, во 77.минута се случи инцидент. Имено при резултат 0:1 за гевгеличани, судијата Кирил Смоквоски покажа на белата точка за домашниот тим, откако голманот Ников стартуваше врз еден фудбалер на Плачковица. Е сега дали тоа беше доволно за пенал, вие драги читатели може самите да процените од видеото. Откако Смоквоски покажа на белата точка, голманот Трајче Ников сакаше физички да се пресмета со него, доби заслужено црвен картон. Но тоа не беше се од гевгеличани. Следуваше „шоуто“ на Горан Јанкулов, претставникот на ФК Кожуф кој вербално го нападна Смоковски, а тој напад траеше две минути. Во тој напад „најблаги“ зборови беа – го*но едно, ќе видиш ти, јас ќе ти кажам надвор. На ова судијата Смоквоски му покажа жолт картон, иако веројатно требаше да биде црвен. По триминутниот прекин средбата продолжи со изведување на пеналот. Лазар Пеев беше сигурен релизатор на најстрогата казна, а резултатот беше израмнет на 1:1, кој на крајот се покажа како конечен.