Ненад Димитријевиќ беше надвор од играчки процес. Македонскиот репрезентативец за време на собирот во Скопје, се здоби со повреда на листот, а потоа поради вирус не отпатува со националниот тим во Русија.

За жал, не успеа брзо да се опорави. Не се најде во составот на Хувентуд за дуелот со Тенерифе во АЦБ-лигата, причината беше грип. Тој полека се враќа во ритам, за официјалната страница на тимот од Бадалона, вели дека е слаб, но работи на целосно опоравување пред мечот со Уникаха во Топ 16 фазата во Евро-Купот.

„Мора да победиме за да ја вратиме позитивната динамика во тимот, дуелот со Уникаха е исклучително важен за нас. Во Евро-Купот немаме пораз на домашен терен, сакаме така да остане.

Мора да играме тимски, зад нас е тежок период, си заминаа многу играчи“, вели Нено, а потоа додаде:

„По грипот, нормално е да се изгуби сила и тежина, но се обидувам да се опоравам и да се вратам во најдобра форма“.

Хувентуд и Уникаха играат во утре.