Филип Кузмановски и Магдебург влегоа во ритам. По триумфот над Нант во ЕХф Купот, дојдоа до третата победа во низа во германскиот шампионат (вкупно 18-та сезонава), откако пред своите фанови беа подобри од Ерланген со 24-20.

Ова беше доста интересен меч, гостите беа подобар противник во првото полувреме (11-13), додека тимот на македонскиот репрезентативец заигра многу подобро по одморот.

Кузмановски не се запиша во листата на стрелци, имаше еден неуспешен обид и една украден топка.

Пораз број 17 за Лудвигшафен и Мартин Томовски во Бундес-лигата. Тимот на македонскиот репрезентативец на домашен терен беше совладан од Лемго со убедливи 29-36 (13-21).

Лудвигшафен беше немоќен од стартот, гостите максимално ја оправдаа улогата на фаворит, на полувремето имаа позитива од осум гола (13-21) која беше лесно да се одржува до самиот крај.

Томовски доби минути, зад своето име запиша девет интервенции.