Вечерва се извлечени паровите од А сегментот во Лигата на нациите, па така групите 3 и 4 се можеби најинтересните. Во група 4 меѓу себе ќе играат Швајцарија, Украина и поранешните светски шампиони Шпанија и Германија.

Во групата 3 реприза на финалето на СП 2018, Хрватска против Франција, а тука е и Португалија со Кристијано Роналдо. Другата репрезентација е Шведска.

Првото коло ќе се одигра од 3 до 5 септември.