Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија остана на 53. место на денеска објавената ранг-листа на најдобри светски репрезентации. ФИБА направи нов распоред на најдобрите кошаркарски селекции, откако беше затворен првиот квалификациски прозорец за континенталните првенства 2021 година.

Македонија претрпе два порази од Естонија и Русија во нашата квалификациска група, но избраниците на селекторот Тодоров останаа на местото на кое беа рангирани и претходно. Македонија на најновиот ФИБА ранкинг има 187,6 поени.

Во конкуренција на европските кошаркарски репрезентации, Македонија се наоѓа на 29. место, каде исто така немаше промена од последното рангирање. Од нашите ривали во квалификациите за ЕП 2021, очекувано Русија е најдобро рангирана на 11. место, веднаш до неа е Италија на 12. позиција, додека Естонија е на 49. место.

Лидер и натаму е селекцијата на САД, пред Шпанија и Австралија.