Вардар повторно влезе во делегатскиот извештај во СЕХА-лига. По завршување на регуларниот дел од сезоната, македонскиот првак ќе треба да плати 500 евра поради една иста причина.

И по третпат оваа сезона бранителот на титулата во регионалното натпреварување доби парична казна од 100 евра оти ракометарите не ги користеле официјалните шишиња. Ова се однесува на дуелот со Нексе одигран на 15. декември.

Клубот ќе плати дополнителни 400 евра, двајца ракометари носеле различна боја на подшорцеви.