Вчерашната информација дека Атлетик Билбао би можел да го ангажира Гонзало Игуаин дигна многу прашина во Шпанија, но се чини дека од тоа нема да има ништо. Иако Аргентинецот кој сега игра за Јувентус има баскијски корени, сепак тоа нема да биде доволно да потпише за Атлетик. Да потсетиме дека медиумите „извадија“ инфо дека пра дедото на Гонзало бил Баскиец.

„Има два услови Игуаин да дојде кај нас, или да е роден или да израснал во Баскија. Но тој и двата услови не ги исполнува. Не знам како ќе биде во иднина, но сега такви се правилата во Атлетик Билбао“ изјави Рафа Алкорта спортскиот директор на кклубот од „Сан Мамеш“.