Андреа Пенезиќ, најдобрата ракометарка во историјата на Хрватска, член на ЖРК Вардар од 2014 до 2018, по завршување на сезоната ќе стави крај на својата долга и успешна ракометна кариера. Моментално настапива за Сиофок, таа е мажена за голманот Матија Кобетиќ, некогашниот голман на Вардар, Ренова, Брегалница.

„Минатата сезона реков дека ќе биде крај, но ме предомислија. Сега навистина е крај, без разлика како играм, сметам дека е доста за мене како професионална ракометарка. Сакам да му се посветам на семејството“, изјави Пенезиќ, која со Вардар имаше големи успеси, но немаше среќа барем еднаш да ја освои Лигата на Шампионите.