Шкендија без победа на двете средби против Работнички се пласира во 1/2 финалето. Каков пеколен играч е тој Бесарт Ибраими. Прв допир со топката, следува мајсторија и гол во мрежата на Работнички за 2:1 за Шкендија во таа 74. минута. Тетовци се во 1/2 финалето, беа подобри, имаа повеќе шанси. Нафиу и донесе предност на Шкендија во 38. минута, следуваше канонада од напади на Работнички, Крстовски со супер шанса, Алими на спротивната страна ја погоди стативата. Израмно Јефтоски од пенал во 71.минута, но потоа следуваше супер – лобот на Ибраими за 2:1. Во 85. минута Крстовски израмни на 2:2, а во следниот напад Петковски имаше супер шанса за 3:2. Но Реџепи фантастично одбрани.
Брегалница без никакви проблеми си се прошета низ Струга, и со перфектни 4:1 ја демолираше екипата на Лабуништа со 4:1. „Сините“ сега одат по трофејот во Купот.

Историја за Струга Трим Лум, среде Тетово со 2:1 славеа над Ренова, иако „гипсарите“ поведоа со голот на Кадриу, но Делиај и Цветаноски носат еуфорија во таборот на стружани.

Драматично беше во Струмицa. А. Пандев и Шкупи одиграа 1:1, и благодарение на победата на Чаир од 1:0 на првиот меч, актуелниот бранител на пехарот се пласира во полуфиналето.

Значи Шкендија, Брегалница, Струга ТЛ и А. Пандев се четирите екипи во полуфиналето.

РЕЗУЛТАТИ
Работнички – ШКЕНДИЈА 2:2 (1:1)
(Јефтоски (п) 71., Крстовски 85/Нафиу 38.. Б. Ибраими 74.)

А. ПАНДЕВ – Шкупи 1:1 (1:0)
(Дориев 61./, Дембо 75.)

Лабуништа – БРЕГАЛНИЦА 1:4 (0:1)
(Хасан 51.,/М. Стојанов (п) 23., 37., Додев 41., Стојчевски 86.)

Ренова – СТРУГА ТЛ 1:2 (0:0)
(Кадриу 23./Делиај 43., Цветаноски 84.)

*Со големи букви се екипите кои одат натаму