Завршија првите полувремиња од реванш средбите од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Шкендија среде Скопје, иако игра без неколкумина стандардни првотимци, води против Работнички со 1:0, и тоа голот на Нафиу во 38.минута. Кадриу пак и донесе водство на Ренова против Струга Трим Лум, израмни Делиај за 1:1. Мартин Стојанов од пенал во 23.минута погоди за 1:0 за Брегалница на гостувањето кај Лабуништа, на 2:0 зголеми истиот играч во 38.минута. И тоа не беше се, до крајот Додев зголеми на 3:0.

Единствено нема голови во Струмица каде играат А. Пандев и Шкупи, да потсетиме дека на првиот меч беше 1:0 за „пандевци“.