Струга Трим Лум успеа да ја елиминира Ренова со вкупни 2:1, сите голови дадени попладнево под Шара, и да се пласира за првпат во својата клупска историја во едно полуфинале. 

Капитенот на стружани Нијас Лена за СПОРТМЕДИА не криеше дека е пресреќен.

„Супер успех, историски успех на Струга ТЛ е тоа што сме во полуфиналето. Таму се Шкендија, Брегалница и А. Пандев, и ние не криеме дека сакаме пласман и во финалето. Сепак за тоа потоа, сега останува до вечерва сите во клубот да уживаме  во овој успех, а потоа од утре да размислуваме за се друго, па и за неделниот дуел со Шкупи во првенството“ истакна Лена.