Уште едно „брилијантно интервју“ на „Кобрата“. На најдобриот фудбалер на Македонија за минатиот век. Во кое тој уште еднаш „покажа“ за каква спортска и пред се човечка „величина“ станува збор.

Дарко, па само Дарко и никој друг!!!

Дарко Панчев во мега-интеврјуто за ББЦ на српски, покрај другото удри и по ракометот. Веројатно тој несакајќи ги намали успесите на македонскиот ракомет, на РК Вардар, на еден Кире Лазаров со следните зборови:

„Да се споредува ракометот и фудбалот, тоа е како да споредуваш професор во средно училиште со Ајнштајн. Па, добро, кој гледа ракомет во Европа. Да, има ракометна еуфорија во Македонија, тоа е точно, но тоа е поради фактот дека ние сме желни за успеси. И во куглање да играме финале во ЛШ салата ќе биде полна. Кај сте виделе на улица да се соберат десет деца и да играат ракомет“ изјави Панчев и „остана жив“.

ДАРКО, ПА ДАРКО….ЈОВИЌ НЕКА МУ КАЖЕ НА РЕАЛ – КОЈ ТЕ ШИША!?

Посебно е „отворен“ кога станува збор за тоа кој е наследникот на Панчев.

„Во изминатите речиси три децении не сум видел наследник на Дарко Панчев, на моите голгетерски квалитети. Посебно не во Македонија. Додека од просторите на екс – Југославија тука се Џеко, Митровиќ, Јовиќ. Лука треба да бара да игра, во спротивно треба да си оди. Па кој го „шиша“ Реал, кој е тој клуб? За 12 години само еднаш бил првак на својата земја“ констатира Панчев, заборавајќи дека во тој период „кралевите“ биле петпати европски шампиони.

Но тоа е Дарко…

СМЕ ГО ПОБЕДИЛЕ ГИБРАЛТАР, Е ГОЛЕМА РАБОТА

Тој и натаму има крајно негативно мислење за нашата фудбалска репрезентација, за нејзините успеси во последно време. Постојано го критикува селекторот Игор Ангеловски, посебно неговите зборови дека ова е најдобрата репрезентација во нејзината историја.

„Како да не најдобра. Сме ги победиле Гибралтар и Лихтенштајн и селекторот кажува – најдобри сме во историјата. Па зарем со победи над Гибралтар се најдобри? Инаку Македонија на дуелот со Косово е апсолутен фаворит. Посакувам да биде мирно, да има фудбалска атмосфера, но нема да биде лесно. Имено Косово не е дунстер репрезентација. Имаат тие неколку добри играчи, но реков, Македонија е фаворит“ истакна покрај другото Дарко Панчев во интервјуто за ББЦ на српски.