Работнички добро тргна пролетва, во првенството на три меча освои седум бодови, но денеска го очекува нов предизвик. На свој терен, во рамките на реванш дуелите во 1/4 финалето во Купот на Македонија, ја дочекува Шкендија. Првиот меч во Тетово заврши 1:1, значи фактички на „романтичарите“ им е потребно и 0:0 за да се пласираат понатаму.

Свој коментар за тоа како треба да одигра Работнички за да го мине фаворитот, има Петар Петковски, еден од најдобрите „романтичари“  оваа пролет. Тој за СПОРТМЕДИА истакна:

„Искрено, според мене ова е најважниот меч за нас сезонава. Во случај да ја минеме Шкендија, која го има најдобриот тим во Македонија, ќе се најдеме во полуфиналето и ни се отвораат вратите за излез во Европа. Ќе го нема  најголемиот фаворит и ете шанса за Работнички. Од друга страна ова ќе биде тежок натпревар,иако имаме 1:1 од Тетово ни од далеку нема да биде лесно. Секако ќе мораме да внимаваме повеќе на дефанзивата, но никако не смееме да играме бункер. Никој смее да игра против Шкендија на 0:0, тоа е преголем ризик. Според мене, ако ние сакаме да одиме натаму во Купот ќе мораме да постигнеме макар еден гол. Јас сум оптимист и веруваме во Работнички дека ќе може да ја мине Шкендија“ изјави офанзивецот на „романтичарите“ Петар Петковски.