Во Тетово беше 1:1, во Скопје на реваншот пак 2:2, и со вкупни 3:3 Шкендија го елиминира Работнички во 1/4 финалето во Купот и се пласира во следната фаза.

Се чини дека „романтичарите“ може да жалат, и во двата меча не загубија од најдобриот тим според имиња во Македонија, но сепак не успеаја на крајот да се радуваат.

Лесно им е на тетовци кога во своите редови го имаат велемајсторот Бесарт Ибраими кој го имаше потегот на денот, кога со прекрасен лоб удар го совлада Јанков за 2:1. Работнички се врати во игра, дојде до 2:2, имаше и супер шанса преку Петковски за 3:2, но сепак на крајот немаше среќа.