Велимир Петкович, тренерот од Германија со потекло од поранешна Југославија, е назначен за нов селектор на Русија и ќе го замени Едуард Кокшаров кој по ЕП доби отказ. Тој потпиша договор на четири години. До оваа година беше дел од Фуксе Берлин, а во минатото бил на Вецлар, Гепингер и уште неколку германски екипи.

„За мене ова е голема чест. Иако имав понуди од неколку клубови, сепак, го избрав рускиот национален тим. Имаше неуспех на последното ЕП, но јас знам дека оваа селекција е на нивото на Хрватска по квалитет“, рече Петкович.