Новинарот Луис Канут за време на свое гостување во Радио Каталуња открил анегдота која веќе отвори прашање околу иднината на голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген на „Камп Ноу“. Имено, Канутвели дека пред неколку дена се сретнал со првиот голман на каталонците за да му понуди изработување на биографија за следната сезона, но германскиот голман ја одбил понудата, со изговор дека не знае дали ќе биде и следната година во Барселона.

Оваа изјава на Тер Штеген ги подгреа шпекулациите во медиумите, откако Германецот се најде во центарот на вниманието на натпреварот против Реал Мадрид на „Бернабеу“, кога беше изненаден што ниту еден соиграч не му пристапи да му честита за неговата извонредна интервенција по шутот на Иско. Исто така, на почетокот на годината, се зборуваше дека тој имал мал инцидент со Меси за време на тренинг, каде за среќа, страстите биле смирени.

Дали сите овие ситуации отворено најавуваат негово заминување од Барселона ова лето, останува да се види.