Баер Леверкузен  втор пат во последните три сезони изборува место во Купот на Германија. Вечерва „фармацевтите“ со 3:1 го совладаа Унион Берлин иако губеа со 0:1 по првото полувреме. Берлинците дојдоа во водство во 39 минута со голот на Ингвартсен.

Колата низ брдо за гостите тргна во 71 минута кога Ленц поради втор жолт картон го напушти теренот. Една минута подоцна Белараби изедначи, а во 86 минута Арангуиз носи водство за Баер од 2:1. Во последната секунда од мечот Диаби ги постави конечните 3:1.

Па така Леверкузен им се придружи на Баерн Минхен и на Сарбрикен во полуфиналето на Купот. Вечерва ќе биде познат и последниот патник во топ 4 фазата после дуелот меѓу Вердер и Ајнтрахт.