Додека е пауза во италијанската Серија А и се одложуваат натпревари поради коронавирус, екипата на Удинезе ја одржува формата со дуели со нисколигаши. Така денеска „зебрите“ одиграа пријателски натпревар против Муцане и победија со 13:1, а одличен настап имаше македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кој реализираше хет-трик (62’, 72’ и 76’) и запиша една асистенција.

А полскиот напаѓач Теодорчук постигна пет гола, а четири беа дело на Де Паул, еден даде Бразилецот Валас.