Црвена Звезда имаше одлична шанса да приреди изненадување во рамките на 27. коло во Евролига. Српскиот тим одлично се држеше на гостувањето кај Фенербахче, но беше совладан со 66-63 во неизвесна завршница.

Кошаркарите на Црвена Звезда на три минути до крајот имаа позитива од 62-63. Не успеаја да реализираат, имаа загубени топки и бројни промашувања. На другата страна турскиот тим со серија од 4-0, двете слободни фрлања на Јан Весели и двата поени на Никола Калиниќ дојде до 13. триумф.

Калиниќ со десет поени беше единствениот кошаркар кој имаше двоцифрена бројка зад своето име кај Фенербахче, кај гостите Браун и Пантер имаа по 14 поени,