Најскромниот тим во НБА лигата оваа сезона, Голден Стејт Вориорс, ги изненади големите фаворити за место воз авршницата на плеј-офот, Денвер Нагетс и ги победи на гости со 116:100.

„Воините“ иако се една од најлошите екипи оваа сезона, го имаа одличниот

Ендру Вигинс кој со 22 поени и 10 асистенции, заедно со Ерик Пашал со 22 поени (девет од нив ги постигна во последната четвртина) успеаја да го поведат некогашниот шампион до изненадувачка победа.

Кај Денвер Пол Милсап и Вил Бартон со по 18 поени беа најефикасни во поразот, а Србинот Никола Јокиќ беше запрен на 16 поени и 13 скока.

Со овој пораз Денвер падна на третото место во Западната конференција.

Синоќа Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Филаделфија со 120:107 на домашен терен, а Бруклин Нетс го направи второто големо изненадување, совладувајќи го Бостон со 129:120 по продолженија на гостински терен, благодарение на неверојатниот ЛеВерт кој средбата ја заврши со импресивни 51 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Сан Антонио 103:104

Бостон – Бруклин 120:129 (пр.)

Њу Орлеанс – Минесота 134:139

Оклахома – ЛА Клиперс 94:109

Денвер – Голден Стејт 100:116

Феникс – Торонто 114:123

ЛА Лејкерс – Филаделфија 120:107

Сакраменто – Вашингтон 133:126