Никој не може да ја заборави минатогодишната четвртфинална пресметка меѓу Вардар и Пик Сегед. Секако ова се однесува на навивачите на унгарскиот тим, кои останаа со празни раце по завршување на дуелот во салата „Вароши“.

Овој пат тие силно посакуваат реванш. Во Сегедин, сите живеат за реванш мечот меѓу Пик Сегед и Вардар, а за тоа говори и веднаш распродадените билети за средбата која е закажана за 29. март.

Салата во која игра Пик Сегед има капацитет од 3,500 место, можеби бројката е мала, но поради градбата на трибините и изгледот на салата, овој терен е тежок за сите противници.