Министерот на здравство, Венко Филипче предмалку на официјалната прес конференција во Владата на Република Македонија даде изјава во која препорачува забраната за гледачи на спортските наптпревари да се пролонгира до 13 март. Истата препорака важеше до утре, односно се планираше веќе викендов на спортските натпревари ширум земјава да се дозволи присуство на гледачи, но очигледно дека ситуацијата со Корона вирусот во Македонија не е стабилизирана, па мерките на претпазливост сеуште ќе бидат активни и на сила.

Тоа значи дека како фудбалските, кошаркарските така и останатите спортски натпревари од државните шампионати ќе се играат без публика, барем уште еден викенд минимум.