Денеска во просториите во ФФМ, точно на пладне, ќе се одржи ждрепката за двојките во полуфиналето во Купот на Македонија.

Има четири желби, но само две места за големото финале. Академија Пандев како актуелен бранител на трофејот, Шкендија како актуелен шампион, Брегалница како единствен второлигаш и Струга Трим Лум се четирите екипи кои со нетрпение ќе чекаат кој ривал ќе им падне.