Вчера Брегалница среде Струга со 4:1 просто го демолираше домашниот состав на Лабуништа во реванш мечот од 1/4 финалето во Купот и со вкупни 5:1 се пласира во полуфиналето. Таму штипските „сини“ може да се паднат со Шкендија, Струга ТЛ или А. Пандев.

Дали може со малку среќа при ждрепката Брегалница да се најде во големото финале? Свој коментар за тоа има Добринко Илиевски, шефот на стручниот штаб на „сините“.

„Како прво сакам да им се заблагодарам на сите во таборот на Лабуништа за коректната игра. Сметам дека уште во првиот дел со високиот ритам го решивме овој натпревар. Пласманот во полуфиналето е убаво чувство, но ние не се задоволуваме со тоа и ќе сториме се да влеземе во големото финале. Не криеме, сакаме финале во Купот. Но за тоа потоа, сега се вртиме кон обврските во првенството, во сабота не чека гостување во Прилеп, играме со Победа“, изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на Брегалница.