МЗТ Скопје никако да излезе од јадранската криза, го запиша петтиот пораз во низа, откако беше совладан на гостувањето кај Нови Пазар со 79-70 (25-18, 23-15, 14-18, 17-19) во претпоследното коло од регуларниот дел во АБА 2 лига. Актуелниот шампион одигра катастрофално во првото полувреме, фенерџијата без проблем доминираше во текот на целиот меч.

Со овој пораз актуелниот македонски првак и натаму виси кога е во прашање и второто место на табелата, кое носи предност во плеј-офот. По 21. коло тимот до Аеродром има 33 бода исто колку и Сплит, па во последното коло ќе биде вистинска војна.

Новото засилување Олуџоби со 20 поени и 11 скока беше прво име, зад него беше Магдевски со 13 поени. По 10 поени имаа Стојановски и Милошевиќ.

По водството од 10-18 по три и пол минути игра, следеше црна период во редовите на МЗТ Скопје, на другата страна противникот со серија од 17-0 поведе со 27-18 на стартот на втората четвртина. Избраниците на Ѓорѓи Кочов не само што не успеаја да се вратат во игра, на средината на овој период имаа двоцифрена негатива од 15 поени (37-22). На полувремето беше 48-33.

Нешто подобра игра видовме во третата четвртина во која успеаја да намалат на 62-51 пред стартот на последните десет минути. Кошаркарите на македонскиот тим спуштија и под десет 65-56, постојано го „бркаа“ резултатот, но не дојдоа начин како да дојдат до целиот плен.

Во следното коло, кое е последно МЗТ Скопје е домаќин на Ловќен.