МЗТ Скопје нема право на кикс во АБА 2-лигата. Актуелниот македонски првак има четири порази во низа во второлигашкото јадранско натпреварување, на две кола пред крајот на регуларниот дел се наоѓа на второто место на табелата, па доколку сака да остане таму ќе мора да испоти многу повеќе.

Шанса која не смее да се пропушти е Нови Пазар. Избраниците на Ѓорѓи Кочов вечерва на гостински терен ќе мора да го добијат фенерџијата.

„Пред да нас е тешко гостување, поради фактот дека за домаќинот оваа средба е важна во битката за опстанок. Станува збор за тежок терен, на кој секогаш тешко се игра. Но, во Нови Пазар одиме да го дадеме својот максимум, ако со испочитуваме системот и договореното можме да се радуваме“, рече Кочов.

Дуелот е закажан со почеток во 19 часот.