Пред нас е уште еден фудбалски викенд во ПМФЛ. Се игра 22 коло, во кое наме некое посебно дерби. За сабота, со пренос на ТВ Арена спорт и МРТВ, во 13 часот е закажан дуелот меѓу Работнички и А. Пандев, досега сите останати мечеви се играат во недела.

Ренова го дочекува Вардар од 13 часот, а од 14 часот се среќаваат Борец – Шкендија, Силекс – Македонија ЃП и Струга ТЛ – Шкупи.

Викендов се играат и мечевите од второто пролетно коло во двете втори лиги. Сите натпревари се играат во сабота, во редовниот термин за второлигашки фудбал, единствено Гостивар – Лабуништа се игра во недела.