Фенербахче на прво овој месец на гости кај Афјон славеше со 64-62. По завршувањето на дуелот домашниот тим поднел жалба сметајќи дека судиите сториле грешка за време на истиот.

Грешката се случила во третата четвртина кога на избраниците на Жељко Обрадовиќ им е доделена топка.

Кошаркарската федерација на Турција ја прифатила желбата на Афјон, па овој меч ќе биде преигран.

Фенербахче има големи проблеми во турскиот шампионат, исто како во Евролига, и ова е уште еден удар за тимот на Обрадовиќ.