Тонев: Лично ги посакував „пандевци“, желбата ми се оствари!

Тонев: Лично ги посакував „пандевци“, желбата ми се оствари!

Никола Тонев, спортскиот директор на Брегалница веднаш по ждрепката го коментираше нејзиниот исход. Неговиот тим во полуфиналето на Купот на Македонија за противник ја доби Академија Пандев, противник кој го посакувал токму тој. 

„Искрено сите во клубот посакуваа во полуфиналето за ривал да го имаме тимот на Струга Трим Лум, само јас посакував да ни се падне Академија Пандев. Ете, ги добивме „пандевци“, секако силен тим, актуелен бранител на пехарот. Сепак јас се надевам дека ние имаме сила рамноправно да се носиме со стримичани. Верувам дека можеме во финалето на Купот“ истакна Тонев.

Првите мечеви се играат на 08.04.2020 во 15:30 додека пак реваншите на 06.05.2020 година во 16:00 часот. Во втората полуфинална двојка силите ќе ги одмерат, Струга Трим Љум и Шкендија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Здравјето е заедничка одговорност“