Ракометната федерација на Македонија, денеска информираше дека УО донел одлука за назначување на Левче Китевски на функцијата директор на машките и женските ракометни репрезентации на Македонија.

Досегашниот директор, Димитар Митрески ќе ја добие улогата на координатор на машките ракометни репрезентации, а професорот Гино Стрезовски, кој е екс-селектор на нашите репрезентации ќе биде на функција Стручен советник на селекторот во женските репрезентации.

УО на РФМ на вчерашната седница донел одлука и за назначување на Ѓорѓе Војновиќ, Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје и Билал Суџубаши, Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нови членови на Управниот Одбор на РФМ. Донесените Одлуки ќе бидат верификувани на следниот управен одбор.