Ракометарите на Бутел обезбедија лесна и убедлива победа на гостувањето против вториот тим на Металург во меч од 16. коло на машката Супер лига. Вечерва Бутел славеше како гостин против младиот состав на Металург со 28:17 (14:12).

Домашните само во првото полувреме успеваа да одржат резултатски егал со противникот, кој на одмор замина со предност од два гола. Во вториот дел гостите самоуверено тргнаа кон победата и успеаја да завршат со победа од 11 гола разлика.

За бутелчани ова беше 12-тата сезонска победа во битката за 2. место на табелата, додека Металург 2 го претрпе и 13-тиот пораз.