Натпреварот во Лига 1 меѓу ПСЖ и Стразбур е одложен поради стравувањата од ширење на коронавирусот.

Францускиот шампион требаше да патува за Стразбур утре за да се сретне со домашниот тим во попладневниот термин од 17.30 часот. Сепак, ширењето на вирусот ги принуди властите да го откажат натпреварот.

Денеска имаше најмалку 49 потврдени случаи на заболувања во регионот, што доведе до откажување на неколку јавни прослави во Стразбур.

Лига 1 во потврди дека натпреварот ќе биде одложен за подоцнежен датум.