МЗТ Скопје не успеа на гостувањето кај „фенерџијата“ Нови Пазар да го осигура второто место на табелата во АБА 2-лига пред стартот на плеј-офот. Актуелниот македонски првак беше поразен со 79-70 во претпоследното коло, па заверката на посакуваното место ќе ја бара на домашен терен против Ловќен.

„Знаевме дека Нови Пазар е добра екипа. Шутот не ни беше наклонет, во одбраната игравме лошо, противникот постигна доста поени. Одиме понатаму, битката за второто место продолжува. На Нови Пазар му посакуваме среќа во борбата за опстанок“.

И покрај поразот, МЗТ Скопје е втор на табелата со 33 бода исто колку и Сплит, кој е веднаш зад него.