По долгата пауза на терените се врати Стеф Кари. Најдобриот кошаркар на Голден Стејт беше надвор од составот четири месеци поради скршеница на левата рака.

Се врати на домашниот натпревар против актуелниот првак Торонто, одигра феноменаен натпревар, постигна 23 поени, седум скока и седум асистенции. Не беше најдобар во реализацијата, имаше 6-16 од поле, но тоа е нормално по долгата пауза.

Кари сепак не беше доволен за триумф, неговиот тим беше совладан со 121-113. Пауел кој го одигра мечот на кариерата и постигна 37 поени беше најефикасен кај гостите, зад него беше Ловри со 26 поени.

Ова беше 49 пораз за Вориорс оваа сезона и со само 14 победи се на на последното место на табелата во Западната конференција, што се однесува до Торонто со скор од 44-18 е на втората позиција на Истокот.

На останатите средби Дневер славеше на гостувањето кај Шарлот со 114-112, Хјустон загуби од Клиперс со 105-120, Скраменто на домашен терен беше совладан од Филаделфија со 108-125.