Иван Тричковски го делат уште три гола до бројката 100 во дресот на АЕК Ларнака. Македонскиот репрезентативец од 2016 година е дел од АЕК, а веќе е блиску да стигне до троцифрен број на голови.

Тој има постгнато 67 голови во Лигата, 10 во Купот, и 20 голови во Европските купови за „жолто-зелените“.

Тоа значи дека бројката е 97 гола, и ова постигнување Тричковски ќе го достигне уште во оваа сезона. Тој и така е прв стрелец на клубот на сите времиња, и прв со постигнати 100 гола во АЕК.