Италијанските судии се исклучени од листата на судии кои ќе бидат делегирани за следните натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Причина – коронавирусот.

Даниеле Орсато кој го судеше минатонеделниот дуел меѓу Реал (М) и Манчестер Сити, како и Марко Гуида, Давиде Маса и уште неколку италијански судии кои делеа правда на натпреварите во европските купови, нема да бидат делегирани за следната рунда во европските купови.

Мерката на УЕФА е како резултат на претпазливост, поради зголемениот број на случаи на заразени со коронавирус на Апенините.