Како што утринава пишува престижната „Газета“, ПСЖ има намера во јун да го купи Сергеј Милинковиќ – Савиќ и тоа за 100 милиони евра.

Ѕвездата на Лацио, тим кој кој игра во страшна форма оваа сезона, и кој е прв кандидат, заедно со Јувентус за освојување на пехарот во Серија А, добил „виза“ од Лотито, првиот човек на римјаните.

Тој се согласил околу висина на отштетата. ПСЖ сака да го реконструра офанзивниот дел од средниот ред,  а Сергеј бил идеално решение според Леонардо, менаџерот на “светците“.

Инаку во текстот се пишува дека ПСЖ ќе го продаде Нејмар, а со тие пари, покрај Сергеј ќе му доставел понуда и на Пол Погба, кој пак себе си се гледа во новата сезона како нов член на Јувентус.