На мечот меѓу Газијантеп Газишехир – Трабзон е виден интересен момент. Играчот од средниот ред на Трабзон Баду Ндијае за време на натпреварот доби ливче со инструкции од тренерот, внимателно го прочита, се сврте лево-десно и го изеде листот хартија со цел да не стигне до противникот.

Обично ливчињата ги кријат во чорапите, патиките или шорцот, но Баду веројатно се исплашил да не испадне на тревата, па се одлучи за најсигурната варијанта – изеди го листот.