Очекувано, езерското дерби меѓу Охрид и Струга му припадна на домаќинот, кој славеше со 31-24 (15-10) во меч од 16. коло во Супер-лигата. Со оваа победа останаа на второто место на табелата зад лидерот Металург.

Овој дуел, како и останатите по препорака на Владата на Македонија се одигра без присуство на публика поради коронавирусот и спречување на негово ширење.

Охриѓани на стартот брзо дојдоа до убедлива предност која на одморот изнесуваше пет гола (15-10), на другата страна стружани немаа многу простор за превсрт.

Блажевски со девет гола го предводеше својот тим, кај стружани Кузмановски имаше седум погодоци.