Христијан Драгарски е херојот на Пелистер во ова коло. Тој со два гола успеа да му донесе триумф на својот тим од 2:0 во Кичево, против составот на Влазерими. Очигледно е дека битолчани не се шегуваат, сакаат што побрзо до Првата лига. Втор пролетен меч, и втора победа.

Кораби без никаков проблем, полесно од очекувањата успеа дури со 4:0 да го победи Кадино.

Игор Клечкароски, а кој друг беше стрелецот на победничкиот гол за Охрид Лихнидос против Вардар Форино. Големи три бода за засилениот состав на охриѓани. И во Боговиње, домашната Дрита одигра без голови со Скопје, на исклучително тежок терен.

За утре е закажан дуелот меѓу Гостивар и Лабуништа.

ФОТО: Bitolanews

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР 0:2

КОРАБИ – КАДИНО 4:0

ОХРИД – ВАРДАР (Ф) 1:0

ДРИТА – СКОПЈЕ 0:0

УТРЕ:

ГОСТИВАР – ЛАБУНИШТА

ТАБЕЛА

  1. Пелистер 33, 2.Скопје 29, 3.Лабуништа (-1) 27, 4. Влазерими 25, 5. Дрита 21, 6. Гостивар (-1) 20, 7. Кораби 21, 8. Вардар Форино 18, 9. Охрид 14, 10. Кадино 10