Мирко Ивановски со својот гол број пет во Унгарија, најави победа на Диосѓер во дуелот со Ујпешт. Ивановски стрелаше во 7. минута, за водство од 1:0 за домашниот тим.

Потоа домашните стигнаа и до 2:0, а на крајот Ујпешт со играч помалку стигна до намалување. За гостите цел меч играше Кире Ристевски. Тоа е петтиот гол на Ивановски оваа сезона во Унгарија, а четирите ги постигна во последните пет кола.