Интересен натпревар се одигра во Мадрид на „Ванда Метрополитано“ во рамките од 27. коло во шпанската Примера. Атлетико Мадрид губеше, потоа дојде до пресврт, за на крајот да биде 2:2, и тоа сите голови беа дадени во првиот дел.

Лук де Јонг погоди во 19. минута за водство на Севиља. Во 32. минута Феликс беше срушен во противничкиот шеснаесетник, а Мората погоди за 1:1. Потоа Феликс погоди за водство од 2:1. Сепак, до крајот на полувремето пенал и за Севиља кој во гол го претвори Окампост за израмнување.

Атлетико во вториот дел имаше подобри шанси, но остана резултатот од првиот дел.