СПОРТМЕДИА уште летоска стави наслов – ИСТОКОТ ЌЕ ГОРИ. И се чини дека денеска тоа и се потврди. Имено хаотично беше на голем дел од средбите во 16. коло во Втората лига – исток. Најеклатантен пример е пеналот за Кожуф на мечот со Осогово, погледнете од видеото само како и зошто судијата покажува на белата точка во корист на гевгеличани. Од тој пенал Осогово го загуби мечот.

Исто така и прилепчани имаат замерки на судењето на дуелот против Брегалница. Тврдат дека немало фаул, имало за нив при вториот гол за Брегалница. Во Пехчево пак Кит Го рано поведе со голот на Алексовски, Имаше жестока реакција на гостите од Кавадарци, имаше и влечење на судијата.

Од друга страна пак кавадарчни се гневни, велат дека набргу ќе излезат со соопштение во кое ќе кажат како се „украдени“ на гостувањето во Пехчево. Не им е мило ниту на сите во Питу Гули, кои на гостувањето кај лидерот Беласица имаа 0:0 се до 79.минута, но тогаш судијата покажа на пенал, а Беласица поведе со 1:0.