Австрискиот скијач Матијас Мaјер триумфираше на последниот спуст оваа сезона во Светскиот Куп кој денеска се одржа во норвешки Квитфјел.

Мајер ја забележа својата четврта победа сезонава и деветтата во кариерата со време од 1:48.02 минути. Со заостанување од 14 стотинки зад него остана Александар Омот Чилде од Норвешка.

На двојката на подиумот им се приклучи Швајцарецот Карло Јанка, кој беше 37 стотинки зад победникот.
Благодарение на второто место, Чилде го помина Пинтуро од Франција на чело на генералниот пласман со 1202 бода, 54 повеќе од Французинот. Кристалниот глобус во спуст оваа сезона оди кај Фојц, кој успеа да собере 650 бода.