Металург продолжува без грешка во Супер-лугата. Тимот од Автокоманда имаше лесна задача во 16. коло, на домашен терен без никаков проблем со совлада Еурофарм Пелистер со 34-18 (15-8) за зацврстување на првото место на табелата.

Чантурија со шест погодоци беше прво име кај домаќинот, на другата страна Талевски имаше исто толку.

Неизвесноста имаше само во воведните минути, по што избраниците на Зоран Кастратовиќ го наметнаа своето темпо, кое пак беше пребрзо за противникот, на полувремето беше 15-8. Во продолжение остана само рутинската задача.

По изненадување на стартот на натпреварот, ракометарите на Металург со дополнителен подарок – победа и го честитаа на својата претседателка, Зорица Блажевска, празникот на жените.